уплав (м.)
Дотрча зазбивано во училиштето и коските ни ги стресе од уплав.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ко некој уплав да ја одзел ме гледа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Да беше мајка ќе ми дадеше уплавна вода.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Којзнае колкаво ќе ѝ се стори кога ќе ги отвори очите, не само што ќе премре од страв туку може и да поболи од уплав.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И тоа го стори мислам со намера да ја раздуваш нашата загриженост и уплав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Мече ја крена десната нога, лицето му се грчеше од болка и уплав: меѓу прстите му се беше впила голема набабрена пијавица.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква непослушност на неговите наредби.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Зашто не со зборови туку со ѕвездило таа ги пишува ѕвездите, и низ водени гласови шепти со дождот, зашто тројни јазли им врзува на болестите, и на сите уроци, уплави и нави што кружат околу твојот сон, зашто ја напишав оваа песна: лековита!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Крстовица со наведната глава оди пред Кузе и, кога влегоа во канцеларијата на управникот командант на Прењес, таа застана до вратата и со уплав во очите гледа во чолакот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше демон што сечеше тела; на одмазда гласник да казнува секогаш решен насилни, пљачкашки дела.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- Уплав го фати кога пред него помина долгата колона со ранети носени на носилки, а зад нив се влечат лесно ранетите со окрвавени завои на главите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сонцето им ги отвори очите на верниците, светлината им го подозеде стравот и уплавот и сите прснаа бегум кон градот, кон своите домови.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На лицето му се исцрта уплав. – Не се плаши – се насмеа Беличот, кој што очигледно беше веќе запознат со оваа тајна.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дали каснале залче? Или од папсаноста ги фатил сонот? А може и од уплав?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)