уплатува (несв.)
Ако, пак, синдикатот и работодавачот не се спогодат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлогот на работодавачот до синдикатот – за определувањето на правилата за наведениве работи, работодавачот или синдикатот можат, во рок од наредните 15 дена, да бараат за тие работи да одлучи арбитража; г) наместо поранешната одредба, која велеше дека работникот кој учествува во штрајкот ги остварува основните права од работен однос, освен правото на надомест на личниот доход (чл. 13, ЗШ/91)– сега се предвидува дека на штрајкувачите, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува само придонеси од плата, и тоа само оние утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите – т.н. „минималец“ (чл. 240, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За работниците отстранети од работа, за времето додека се отстранети од работа, работодавачот е должен да ги уплатува придонесите утврдени со посебните прописи за најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 237, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Инаку, законот главно ги засега работодавците, зашто тие се оние што ги уплатуваат придонесите од задолжителното социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Татко посебно внимание им посвети на ориентализмите кои означуваа разни давачки и такси што ги давало населението како: ангарија (со потекло од грчкиот во турскиот јазик angarya); арач (од арапски hara); бедел, замена, воен данок, замена за еквивалентна вредност, замена за воен обврзник (од арапски bedel); баждарина, баждарлак, баждар, такса за внесување стока во градот (од персиски bac); кафе-оџак-параси, вид данок што го уплатувале агите и делибашите во прилог на пашата (од турски kahve ocak parasi); ихтибаре, такса за право на тргување (од турски ihtibare)
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 240, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)