уплашено прил.

уплашено (прил.)

Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Го гледаа белото блескаво езеро долу пред нив сѐ до малото езеро и мрачните албански планини, ги починуваа очите на зеленилото спрострено под нив, понекогаш ќе здогледаа срна како пасе мирно и одвреме-навреме уплашено ја крева главата да разгледа дали некој не ја демне, а живо задоволство беше кога ќе се појавеше дива коза, една или повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се кострешат и уплашено мјаукаат над стреите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа уплашено и рини од тиквата со корупче. Му кажуваме зошто сме дошле.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И сите уплашено се гледаат меѓу себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мајка ми уплашено го следеше разговорот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И бааги време се гледаме така. Сега и попот молчи уплашено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Децата досмрзнаа зашто често имаа слушано за некој Луман арамија како плени по Битолско и често ги гледаа своите родители како уплашено велат: „Само да не мине одовде планина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Радиото силно ечеше. Козите сега уплашено се движеа по собите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Не нѐ виде, - рече Шишман уплашено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Аргир ненадејно замолча, се стресна уплашено, како некое страшило да излезе тој момент од ноќта и застана пред него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Уште само очите ми се оставени на исто. Ми светат уплашено во длапките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа избледена светлина на прозорецот како да го испаруваше и уплашено чезнеше од разбеснетите зборови и од мрачниот заговор на сенките што се диплеа околу неподвижното тело на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Камилски мигум се исправи и појде уплашено кон прозорецот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Го гледа уплашено и го фрла на земјата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Стариот Јанче, ситно, загрижено и постојано уплашено човече, не слутејќи ништо добро во таквите постапки на Арслан бег, отиде да побара заштита од својот господар, од Јауз бега.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но сепак уплашено рече: - Ако се смеам, ама не ве сакам.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Џемал-ага нервозно ги фрли пуловите, ја тресна таблата, неговиот партнер уплашено трепна и ја одметна главата како да одбегнуваше удар в лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе