упорно прил.
упорност ж.

упорно (прил.)

Упорно се бдееше над моите последни чекори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Упорно настојувам да се убедам дека еден од петте големи прсти е неподвижен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Татко ми, како секогаш откога се разболе, молкум читаше во фотелјата, со грб кон вратата, далеку од куќата, во ужасната осама со која се мачеше себе си и другите, во која тонеше упорно, тврдоглаво, обземен од сопствената слабост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Посебно ми се чини привлечна иако нејасна дури и облачна онаа претпоставка: дека иследникот, во настојувањата да го скрши моето спротивставување и самиот не одбива да дружи со моите размисли упорно следејќи ги.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојано го сонуваше сплаварот кој упорно ја чекаше на брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Фимка сѐ повеќе ѝ се чини дека гласот ѝ е познат и, гледајќи ја девојката од оваа оддалеченост, таа се чуди и не може да се изначуди, та се прашува, зошто ли токму неа, непознатата ја вика и упорно ја довикува?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
111. Со тоа се сврши шумот во Србија и Србите фатија да работат тихо и упорно: пропагандата помина од патриотското друштво во рацете на Министерството за надворешни работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Упорно суриваа надолу кон орманот посрамено и без зор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Паскали не можеше да најде зборови, немаше коментар, упорно молчеше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но јас упорно се залепив до неа и бев толку досадна што на крај таа ми кажа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бараше упорно аргументи во времето во кое живеел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во темницата на дождот жената методично и упорно ја дробеше пченката помеѓу плочите од лава.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Премногу добро образовани во нашата стара Европа, ние природно веруваме дека постојат мисли, кои упорно ѝ се противат на секоја екстериоризација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Читајќи ги очајот во очите на сонародниците, омразата во очите на домородците, тој уште поупорно ја тренираше својата издржливост, го зголемуваше своето знаење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Срнчето еднаш пречекори кон печката и сега сакаше упорно да остане тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе