упростува (несв.)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во кадарот по грешка влегува бела птица
и го упростува впечатокот.
Лирски јасно и банално.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Со смртта, со наближувањето на смртта, човек насетува како му се смалува кругот на светлината на семејството, народот, татковината, светот... – Животните немаат татковина, немаат некаква светлина да бранат! – ја упростувал мислата Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)