уредувачки (прид.)
Оти почнав да се чувствувам како „шејтан“ жена, не помалку интелигентна од Сашо „Фактор Икс“, со помали фасцинантни предвидувачки способности од него, ама со аналитичен дух, кој може да се натпреварува со многумина што веќе имаат пола до час емисија, во која своите ставови ги оградуваат од уредувачката политика на телевизијата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Актуелни активности како писател: Претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија; Уредник во Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје; Главен и одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“; Член на Уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност 130 тома“, на македонски и англиски јазик и на антологиски избори на македонската литература на седум јазици; Раководител на проектот „Македонски книжевен лексикон“ (од Св. Климент Охридски до денес), Институт за македонска литература; Член на Организациониот одбор на Меѓународната манифестација „Рацинови средби“ во Велес; Бил: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979); Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во два мандата (2000 – 2002) и (2002 – 2004);
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Треба да ве предупредиме дека нашата уредувачка политика не го содржи концептот дека сидата е чудесна можност за учење и дека е духовен дар од небеса.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)