урне (св.)

Пукнатините на куќата зафатија сѐ повеќе да се шират и секој момент се закануваше опасност куќата да се урне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Пукнатините постепено се ширеа и се закануваше опасност да се урне куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш двајца се урнале врз него со сила на лавина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помислете само дека електронската информација го урна берлинскиот ѕид.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дали и Москва ќе се урне на мене?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа ветрот на времето во кралството мое се втурна и сите убавини кралски ми ги урна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А потем падна и се урна снагата му цела врз оној грозен, крвав куп.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Колку порано се урне оваа багра толку подобро, а сѐ дотогаш останува само да нѐ трујат со нивните демагошки лајна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Има нешто неизмерно големо и важно во неговиот живот, една човечка должност што го заслепува со својот сјај, да се урне нешто сосем подло и гадно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш во него како сѐ да се урна: сите страсти и соништа, сите негувани илузии, сета надеж што, во неговата претстава, требало да значи надеж, создадена делум можеби и врз основа на мојата секојдневна благост и грижа кон него.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прокуди човекот и не може и да зборува без ракија. Да му се урне гробот на тој што ја измисли! Ковче од ковче да му се разневиди!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се обидел некој пред сто години, некој аџамија, јајца од орли сакал да земе, за лек против некаква болест, но се урнал и одвај му ги собрале коските. Приказна...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само еден понемирен бран на возбуденоста и тој ќе избувне искрен и слободен и ќе го урне во бездната она за што е дојден и што вака пристрасно го носи во себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ататурк имаше моќ да го урне моќниот Калифат, верскиот пол на Отоманската Империја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но дојдоа други времиња во времето на комунизмот. Се урна култот на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе се урне на нас, ќе нѐ запрета.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе