усидри (св.)
Наместо тоа, тој ги усидри своите текстови во поредокот на интелектот, во одредливите води на библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од Елбасан патот нѐ однесе во Драч, во пристаништето. Пешачиме долж доковите, ги гледаме усидрените бродови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но, не баш дух, бидејќи овој е премногу интелектуален за вкусот на поголемиот дел од една генерација скептична спрема „профаното” рационално мислење а склона да верува во квазимистичната моќ на интуицијата и екстазата, туку повеќе „душа” - орган на некој неодреден начин поврзан со „духот”, но, за разлика од него, благородно усидрен во чувството, коешто е или нурнато во сепроникнувачкиот elan vital a la Bergson, или е во дослух со севкупниот Космос, односно со вечноста, така што овој експресионистички орган - духот или душата - во секое време има, под услов доволно да е огнен, непосреден пристап во бесконечното.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)