усилен (прид.)
Жените не им се гледаа надвор ако некој се приближуваше, но звукот на дајрето што најчесто приквечер го трепереше воздухот од нивната страна, му ја кажуваше на синот на Тајко тажната приказна на сите сиромаси кои усилената веселост ја користеа за прикажување пред светот на среќата што на богатите им недостасува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но следниот ден, повторно почнуваа со усилна градба.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во гласот имаше усилен спокој и горчина.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тоа овој го протолкува како извесно губење на дотогаш и така усилената присност, поради тоа што одамна не се беа виделе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)