условен (прид.)
Со соголувањето и дословноста на репрезентацијата на „женското“ се создава критички потенцијал со којшто се преиспитуваат симболичките конструкти како општествено и историски условени.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во случај врската меѓу сигнансите на идеографскиот систем на писмо и соодветните појмовни категории да е условна, тогаш таквиот систем на писмо го карактеризираме како условен или конвенционален.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Постмодернистичкиот дизајн не би требал да тежнее кон вонвременското, нему му е допуштено да биде ефемерен и условен од ситуацијата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Изолацијата мора да биде условена. Индивидуата е замолчена, стопена со мрежата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При изрекувањето условна осуда судот може на сторителот да му наложи, во определен рок, да постапи според прописите за мерките за заштита при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Го затворија, беше докажана неговата апсолутна невиност, но поради славното семејство, класната непомирливост го задржаа во затвор и на крајот, го осудија на шестмесечна условна затворска казна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стилистичка особеност на неговите книги било декорирањето на некаков условен простор, исполнетост на текстот со оние карактеристични детали, при кои светот оживува.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Оваа тенденција дава интересна можност за разгледување на зелената боја која боја на состојба „пред светлоста“, на невиноста (младоста): спореди лат. virgo „девица“ со viridis „зелено“. И накрај: во виното (можеби) е вистината Можеби е чудна игра на случајот, што токму виното како мошне стар ритуален и оргијастички напиток ја има поделбата на: црвено, бело и црно вино - иако самата таа поделба е во извесна мера условна, таа сепак останува интересна како факт или како случајно совпаѓање. 108 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Нашата пропаганда таму поради тоа ќе биде условена од воените настани и ќе биде пред сѐ слугинка на нашата стратегија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Понекогаш самиот поединец може да е носител на границата, на пр. носењето предаватели за следење на локацијата од страна на затворениците на условна казна – тие можат слободно да се движат, а сепак се под постојан надзор, или припадници на пониските касти во индиското општество.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од гледна точка на Павлов експериментот требало до докаже дека кај кучињата условниот рефлекс секогаш постои, додека Лакан истакнува дека таквиот заклучок е чисто идеолошки, бидејќи го прикрива фактот за тоа дека дури означителот го предизвикува рефлексот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)