усоврши (св.)
Доста не само што не беше заборавила, ами во Солун беше го усовршила плетачкиот занает, плетејќи фанели на луѓе што ѝ плаќаа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Меѓутоа, тој рече дека сака системот да го усоврши со тоа што ќе постави војник на смена кој постојано ќе кружи од војник до војник.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Неуморно работи, вежба. Дома сама, со ансамблот во театарот, не пропушта прилика повеќе да научи, да се усоврши.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Небаре врела вода на врел воздух
искрснува, питома ем складна
змиски устремена, како што ѝ прилега
кога на-една-душа го шмука сиот живот
себеси за да се надмине
да го усоврши чинот
- самоволието!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќе го усовршите својот германски на мојот имот покрај Рајна. И својот вкус.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Својот мајчин јазик Татко во Цариград ќе го збогати и усоврши.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Целта на овој пронајдок е да ги усоврши мемориските функции на мозокот - скоро немерливо многу.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)