успокојува (несв.)

Тоа нѐ одмара, нѐ успокојува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но Македонците ги успокојуваа Бугарите: Чекајте вие, нека ни дадат нам автономија, па ќе видите оти по неколку години таа Македонија ќе биде бугарска, зашто повеќето од македонската интелигенција го доби своето образование во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како успокојува таа младост непрестајно раѓана и каква надеж обогатува!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Некако мир ме полазуваше и ме успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Рамномерното дишење на децата го успокојуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сестрата го чука по образи, го буди да не им пречи на другите и го успокојува.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Оттука, можеби произлегува тезата на Жорж Брак: „смислата на науката е да успокојува, на творештвото – да вознемирува.“ Се разбира: Низ – невидливото, вонвременското ...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но сепак ведрата синевина над главите успокојуваше и ги поврзуваше душите со светлиот бескрај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арапите не јадат луѓе... Тие малку се успокојуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Светлина на надворешната убавина, која Петар го различуваше до неодоливост и светлина на внатрешна убавина која благо распослана одвнатре ја успокојуваше усреќената душа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Родителите ги успокојуваат дека е тоа за кусо време, дека така ветиле, дека мора да биде, зашто немаат со што друго да му возвратат на манастирот, на светецот, кој им помага и ги избавува од зло.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Можеби беше солза која ќе светнеше и ќе наедрееше по калдрмата, потоа ќе се лизнеше по неа и наместо да ги натажеше луѓето што ќе ја сретнеа, таа ги смируваше, ги успокојуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нестор клисарот го пофати татковски за мишката, го потргна настрана за да го стави капакот на ковчегот и му рече успокојувајќи го: - Што можеш... Судбина... Да не дојде до полошо...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Сине, тоа се само сенките од фикусот – ме успокојуваше таа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На тој начин се успокојувала самотната, а со тоа и ја благословувала небесната светлина, и сѐ што е од Бога создадено.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој се смее. На некој чуден начин ме успокојува кога седам со него на клупата пред црквата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повторно успокојувам. Двапати ги повторувам истите зборови.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Жена му и син му Ном го успокојуваа и му велеа дека нема ништо, дека така му се причинува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Враг нека носи сѐ... Не плачи... И ова ќе помине”, ја успокојуваше Трајан, но таа му олцкаше во градите; се обидувеше да ја смири, но и нему срцето му олцкаше и бегаше со лицето настрана за да не му ги види очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе