усте (ср.)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Со устето вешто дувнав свеќичката згасна дечињата среќно пејат ко во прекрасна басна.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А гледам модар камен устето му станува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се родеше едно смрзнато дете, ќе ја побараше смрзнатата цицка на мајка си и, со мајчиното млекце на устето, му ја предаваше смрзнатата душа на Господа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На море штом појде Јана вешто скокна, со устето малечко морска вода локна.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го отвора устето, замавнува и се пика во мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Детето само го подава устето и ме трга за боска, ме удира, шлиба.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да ѝ го стави најмалото рипче во подотвореното усте?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Си ги лижат устите и, од лижењето, устињата истенчени, па и трошка напукани.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Напати, баш како и сега, од Улицата на стариот цвеќар во Истанбул, се фрла директен поглед на Параходот ми пристигна, сосе очите расплачени и устето насмеано, и баш тогаш повеќето цвеќиња молкум земаат починка до новото распупување коешто мигум ќе втаса, со секое вселување на нови спомени во старите куќи.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Ѕвездан само ги подоткрива очињата, ја одлепува устата, усте мое златно...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пела не го изговори следното прашање веднаш, туку многу подоцна, пред да се преселат кај мајка Перса, и, од нејзиното слатко усте кое кога ги пропушташе зборовите од десната страна создаваа едно мило дупче, не го изговори ни како прашање, туку како чудење Зар има поубава од тебе, мамичке?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Дури таа вака си мечтаеше, раката ѝ врвеше по главчето горедолу, а наеднаш рачето на чупето го подигна гушалчето, ја пушти дојката и нежно, нежно го растегна малото устенце, гледајќи ја мајка си право во очи; пушти едно „гуу, гу, a? а?“ и почна да ја врти главата пак таму ваму: да ја лапне дојката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Додека малечкото ќумбенце буботеше со сите сили за да ги одбрани нив двете од студот, додека малечкото усте бледо ја осветлуваше просторијата, Чана го измолкна писмото од пазувата Мајко, ја глеј шо ми дујде уд Пелагија! и го префрла од рака во рака.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Кај отидов, ебамити устето за понадвор, му велам, кај отидов?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)