училница ж.

училница (ж.)

Американската телевизија налик на голема училница во која се одржува пробна настава.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Служителот ме заборавил и ме оставил три часа повеќе во пустата училница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Поручниците се смирија, како дечиња во училница кога наставникот ќе збесни поради нивната недисциплина и ќе почне да се дере како нездрав.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Скоро на секој час, кога обработувавме дела од светската или домашната книжевност, пред таблата во училницата излегуваше една ученичка - таа што имаше најдобра дикција и читаше фрагменти од делото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ервехе си го најде местото меѓу ученичките чие хорско пеење допирало од блиската училница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И така беше тоа секогаш, на планетата Венера, и ова беше училницата со децата од мажите и жените што со ракети дојдоа ваму, во овој дождлив свет, за да основаат цивилизација и да го минат својот век.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
II Денеска со нетрпение чекавме да влеземе в училница. Радоста нѐ скокотка и сите како пчели брмчиме и врескаме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нѐ собра во нашата некогашна училница ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во училницата стана мешаница и хаос.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подзапре малку и чистејќи ги ноктите со врвот од перцето неочекувано праша: - А јас да сум Херкул и да го навртам Вардар кон училницава, ќе ја исчистам ли, придавки?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вратата тресна наместо мојата глава, и ѕидот на училницата ја оддели девојката, оневозможувајќи ѝ да ме удри.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Училницата оѕвиваше: се креваше и се спушташе хорскиот глас на курсистите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Училница е ова, и такви лудории и поделби не трпи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Целата училница клокоти и врие.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајка влезе во нашата училница кога таа беше преполна, со родители и со ученици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На молба на нејзиниот братучед Круме Волнаровски, директорот на женскиот оддел на Прифатниот центар за странци Стево Трајчов ѝ овозможи предавањата (два пати неделно, попладне) да ги изведува во компјутеризираната училница наменета за воспитни дејствија врз жените со привремен престој во домот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од врата кога ќе влезев во училницата каде што вежбавме не можев да не ја забележам искрената широка насмевка на лицето на Вера, со која ги освојуваше сите деца, скоро без исклучок, како и со топлиот спокоен глас, со срдечноста, со присноста, со топлината во очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повеќе