учител (м.)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Учителот откако ги откри овие самотници во планината, ги засака како свои, одеше таму трипати во годината и им носеше топла облека, храна, шеќер и сол.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Едни селани со нивните учители и попови ја признаваат Патријаршијата и се под покровителството на српски или грчки конзули, а други го признаваат бугарскиот егзарх и ги слушаат бугарските трговски агенти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Учителот бара погодно место па да му се доближи на овој скржав во зборувањето човек.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Многупати учителот на часовите по сметање нѐ тераше да пресметуваме колку пати ѕвончето во годината ни штракнува од еден час до друг, или од еден одмор до друг.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Секој да си спомни по една стихотворба што ја учевме од учителот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тоа место уште во почетокот на годината му го определи учителот.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Комисијата влезе во училиштето заедно со учителот и кметот кој од вратата им викна на луѓето да не влегуваат во училиштето, да си одат, да ги остават на мира да разговараат со Комисијата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кредата во раката на учителот се скрши и падна на подот.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Учителот ја прими тужбата и влезе во кругот на законот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имав чичко учител, кој преку лето доаѓаше в село на одмор.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тоа вистинските учители го поттикнуваат духот на слободното мислење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Секој човек си има свој внатрешен учител или водич, него само треба да го повикаш и да го слушаш, да слушаш: тој кога те подучува не оди никогаш против тебе!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Учителот благо, татковски, како никогаш досега, го погали по главата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
- Ајде, душо, повели,- го поведе учителот кон празната клупа.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)