фантазија ж.

фантазија (ж.)

Јас не можам да прочитам, во плимата од твоите мисли со широк опсег на творечка фантазија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„На глупости си ја валкаш фантазијата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со восок ги залепив со смола ги запечатив ги прелив со лепак ги врзав со јаже сите љубовни фантазии сите желанија од премолчување истоштени.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можете ли да замислите колку е страшна судбината на човек чија парализирана фантазија не би можела да работи без помош на хашиш или опиум”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Така исто мажот се чувствува кога жената која му била фантазија при самозадоволувањето не му обрнува внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Жолтата куќа на мрднатата вдовица, домот во кој живееше емигрантот, беше молчелива и затворена и оживуваше во мојата фантазија чудни и таинствени слики.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кој се ослободил од мегаломанската фантазија дека судбината на Хрватска е нешто единствено на светот, нешто што ни е сфатливо само нам Хрватите во екстаза од сопственото национално чувство и што белосветските игноранти никогаш ни приближно нема да можат да го разберат, тој знае дека порано или подоцна на местото на овој самиот-себеси-направен аутизам ќе мора да настапи рационалното комуницирање со светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Статистиката беше исто толку фантазија и во нејзината оригинална верзија и во нејзината исправена верзија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Црните хроники по весниците многу ѝ ја имаа развиено фантазијата во таа насока.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Предметот на љубовта мора да може да ја прими фантазијата за бучовската пожелност која благонадежниот љубовник ја проектира врз неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сѐ ќе чуеш... Многупати човечката фантазија е поголема од неговата болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Занесена во тие телесни и бестелесни фантазии ја штрекна едно тивко чукање на вратата. Не очекуваше никого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа што Александар, неколку пати ја имаше видено Билјана со црни наочари во тмурни есенски денови, зборуваше во прилог на тоа дека не се работи само за злобни фантазии на врснички на Билјана кои не успеале толку добро да се вдомат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Очигледно е дека таквата реклама, како и онаа за лаковите „Саполин“, би можела да ја заскокотка Дишановата фантазија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Резултатот е загуба на филмскиот стил и загуба на секаква фантазија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дури, имаше моменти во детството, кога во својата фантазија се исправав дотаму, што би бил готов да убијам, за да ја симнам таа навреда од нашето семејство и да ја спасам неговата чест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе