фантазмагоричен (прид.)
При ова патување речиси постојано се среќавав, дури и се судрував со чудни фантазмагорични привиденија, чии што контури повеќе потсетуваа на кукли што ги гледаме по излозите но со подвижни екстремитети, со лица што се смеат додека очите плачат, дури и со зборови што не беа кажувани туку едноставно извираа од утробите на овие креатури.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во новата стварност, која наликува на фантазмагоричен кошмар, кичот покажа најголема издржливост, најбрзо се трансформираше и одново заживеа во својот неуништив сјај.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Жан Ложје, француски поет и актер Романот Времето на козите е прекрасна романсирана сатира, потхранета со семејни сеќавања и искуства, којашто добива фантазмогоричен карактер а ла Свифт, толку способна да го прикаже иреалниот и бурлескен карактер на секоја диктатура..
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)