фајде (ср.)
Знаеш дека од тоа многу фајде нема.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
На секој оброк таа го преколнуваше да не биде себичен и да не заборави дека неговото сестриче е гладно и дека исто така му треба храна, но немаше фајде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кој нема, дај му на заем и тој ќе ти плати, со фајде ќе ти плати. Разбра ли!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Сум се заплеткал со фајдиња кај еден пајак крвопиец...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ама барем од тоа да имаме некакво фајде.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ами вака, ќе земе осум гуски – ќе направи осум ручеци. И тоа е фајде.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Немаш фајде од мене. Ти помагам само да ги арчиме парите.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
И какво фајде од манастирската осаменост Кога отсекогаш ве учеле да се препознате себе си Во присуството на другите?
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
- А што фајде од тоа кога воопшто не го гледаме.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И да го примиме во судот, фајде никој ќе нема.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
После ќе има, ама не можеш да чекаш, ќе се пресуши житото и ќе испадне на нива... Што фајде?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Фајде нема ле душо... - прекинува гласот, секнува и кој знае, се прашува ли, дали фајде нема од шеќерната калеша чупа која е неверна или од утехата што самиот си ја дава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Задуман на чардакот Преспанецот одвреме-навреме ќе фрли рибарски мрежи и во нив наместе преспански крапови ќе фати троа носталгични препелкања од кои никој ниту видел ниту ќе види фајде.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Вртисенка за добра зделка од добробит со лесна среќа распамучен, стопен, смекнат пред Вишниот купил свеќа За зорт, за фајде, за да свети небаре за час се сетил ако ништо некогаш не ќе се има да засветли една свеќа да се најде и околу многу сенки.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Слабо фајде беше што Светлана стоеше на нејзината страна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„И какво фајде од тоа?“ „Немаше фајде, зашто го фрлив само неколку минути подоцна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ех, кога народот стрела и без нишан има фајде - КУРШУМОТ НИЗ ВРЕМЕТО, велат, КРИВЕЦОТ САМ ЌЕ ГО НАЈДЕ!
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Се служеше со висок диоптер на стаклата од очилата, а на моменти, кога ќе наидеше на најситен слог, а тоа се случуваше често во едвај разбирливите сиџили, кадиските записи, мораше да се служи со лупа, но и од неа немаше големо фајде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пројдов скоро два километри низ снегот...фајде нема...па нема...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Бело лице љубам јас, Црни очи љубам јас, Гајтан веѓи љубам јас, Фајде нема... ...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)