федерација ж.

федерација (ж.)

Бургиба дури на светската организација на обединетите нации ќе предложи создавање на федерација меѓу Израел и арапските земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И со овој документ му се признавало правото на македонскиот народ на националната посебност, а во новата федерација Македонија имала рамноправен статус со останатите федерални единки.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И директивите што стигнуваа од Федерацијата бараа да се смири ситуацијата, да не се предизвикуваат масите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но моите замисли одеа во прилог на државата Тунис, но кои не ги исклучуваа и моите амбиции за самодокажување, наложување, излегување од просечноста, со која бевме главно класификувани амбасадорите од малата Република Македонија во југословенската федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше известена и дежурната служба на Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
2. Поимот „еволуција” во речникот на Мисирков и на неговите истомисленици означува програма на „новото движење” што бара првин национално обединување и изградување на македонската национална свест на народот поделен од пропагандите, оневозможување на туѓинското мешање во Македонија, развивање на самостојната македонска култура, јазик и црква во рамките на Турција и под контрола на големите сили, па дури потоа полно политичко ослободување од Турција и создавање независна македонска држава што може да се вклучи и во разни видови федерации или конфедерации на Балканот или меѓу јужните Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Имаше други приоритети за големата разбранета Федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, козјото прашање уште еднаш ги разбрани духовите во републиките и федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Макар сѐ што се случувало дотогаш, во врска со козите во градот, добиваше благослов од Федерацијата, се случуваше овие погорни власти најчесто да спорат со самите себе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму, да не се грмеше постојано од Федерацијата и од Водачот, сталинизмот сигурно ќе продолжеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Федерацијата се правеа разни биланси, се укажуваше на уште многу работи и несреќи од кои се ослободивме прекинувајќи со Сталина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од своја страна Велика Британија покажувала преголема чувствителност по однос на прашањето за југословенско-бугарска федерација и прашањето за обединување на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Реши, по многу разговори со татко ми и со другите угледни козари во градот, да оди во Федерацијата, кај централните власти на земјата, да разговара, ако треба со главниот стратег за козјото прашање, сонуваше и дури да го посети Водачот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И амбасадорите во таа критична година од почетокот на крајот на Југословенската федерација, стануваа дезориентирани, немоќни да го одржат нивото во надворешната комуникација на земјата, која ја губеше својата внатрешна кохезија и беше жртва на својата националистички ориентирана хиерархиски наредена и подредена борба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Федерацијата, најпосле, можеа да здивнат. Во јужната република беше решено најзначајното стратешко прашање на развојот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе