ферман м.

ферман (м.)

Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Моето внимание сега беше свртено кон содржината на ферманот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Крзнарството во Костур беше најстариот занает и само Костурчани со султански ферман имале право да бидат крзнари.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Подоцна сосема се забрани и беше издаден ферман целата волна да се прибира од султанот за изработка на облека за војската. Така беше дури не се поништи забраната.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Уште еднаш го замолив да не се сомнева дека сето ова со водоводот е оправдано и благородно, дека јас морам тоа да го сторам со негова поддршка, дека морам да се вратам со ферман в раце, така реков, со ферман.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој стана славен дури кога се раскара со нив и налутено ги предаде на шеријатот своите фермани за поделба на наследството.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да повториме, тој ферман пристигнал кај Скопскиот бег и кадија дури од Стамбол заедно со наведената наредба за извршување на спомнатата казна во врска со непримерното однесување на спомнатиот Никола Леко).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете тогаш беше кога ми е даден ферман за градење на црквата и друг ферман за да се нареди да нема неправда при собирањето на џизието...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За секоја важна работа треба ферман, царски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Остави ги тие тефтери и фермани што си ги зел со себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потоа продолжи: „Дали не им ја украдоа водата од Дарван, не им се удри ли зимоска малкуто тутун што го откупи Монополот на трета класа, не плаќале ли маказарчани и другите жители во оваа кааза во времето на Никола Поцо, како што пишува и во царскиот ферман, повеќе данок отколку што треба?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По поднесената молба до Високата порта, решено е барањето да се удоволи за што се издава овој високославен ферман.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Султанот Абдул Азиз кон крајот на XVIII век испрати ферман во кој се вели: „По барање на муслиманското и на православното население на градот Белград Арнаут (Берат), наредувам да се подигне црквата Свети Митри во центарот на овој град”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Откога се кажуваше како точно да се постапи, по колку да се наплатува и како и според кои дефтери, и откога се додаваше дека преку кажаното “да не се зема ни пара, како ни за отворање на бовчите, така ни за “подароци“ за судиите и другите службеници, или за било што друго и повеќе да не ѝ се додева на споменатата раја“, ферманот продолжуваше:
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Црквата почнала да се гради во 1884 година и за тоа, на барање на долненчани, турскиот султан издал посебен ферман.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На пример, точно е дека Никола Поцо бил примен од султанот Абдул Меџид и дека добил ферман за уредување на проблемот со даноците и за градење на црквата. Како успеал, тоа е друга работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе