фикус м.

фикус (м.)

Фикусот допираше со длабокото корење до одамна закопаните статуи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај палмата во градината растеше голем разгранет фикус.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Листовите на фикусот поставен на балконот трепереа и од најслабо ветре, а сенките што играа на прозорецот секогаш личеа на човек, лош човек кој демне и чека погоден момент да ме грабне.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Го видов јасно во растреперените сенки од фикусот и исплашено ги затворив очите, но неговата силуета не исчезна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Денес имам многу повеќе години, многу помалку коса на главата, немам фикус на балконот и сѐ уште немам одговор на прашањето што ми го постави татко ми кога имав четири години.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А кога ветрот ќе ја разнишаше долгата коса на палмата, фикусот ги разигруваше длабоките корени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука е, шепнува. Сокриени зад огромниот фикус, ја гледаме како уште еднаш заминува...и веќе е на крајот на мермерниот базен: се нурнува, се потпира со рацете на работ, изронува, се извива над водата, се одделува од неа со капки посеани по лицето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А кога ќе се разбудев, на прозорецот гледав само обични сенки од фикус разиграни од слабо ветре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Идната пролет на местото на искорнатиот фикус забележи како растат мали палмички, а покрај палмата мали фикуси...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Мама ниту еднаш не ме пофали дека убаво ги бришам фикусите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја преполни куќата со цвеќиња–изобилство полско цвеќе, темјанушки, нарциси во вазните, зумбули, фикуси, филадентрони; кактуси во саксиите, дури палма и лимун чии прв жолт малечок плод го држеше на дланката како да се плашеше дека ќе исчезне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Полека и со внимание ги бришеа листовите на фикусите, филадендроните, палмите, адамите и кралските бегонии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Понекогаш, признаваше Раиз, поради љубовта кон палмата неправедно се однесуваше кон фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сечи на една страна - фикусот избиваше одмазднички на другата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раиз, знаеше дека поради тоа беше виновен алчниот фикус.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Сине, тоа се само сенките од фикусот – ме успокојуваше таа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Раиз секоја пролет го поткаструваше фикусот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа ме кара, а дволичниот Чико гледа некаде неопределено преку прозорецот, клатејќи се на листот од фикусот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе