филмски прид.

филмски (прид.)

На тоа доделување на најголемата филмска награда не се појави и не се дозна од која причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гледачот не може да го собере тој површен материјал во визуелните слики, кои претставуваат филмски приказ или да ги испреплете тие зборови со линеарниот премин во структурата на нормалната реченица.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доколку амбициозната филмска енциклопедија на Светот се заканува Светот да го направи одвишен и доколку деловите од списоците всушност и не можат да се класификуваат, дотолку подобро.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Строгата посебност на творечкиот израз во сите уметнички области – издели: „музичко писмо“, „ликовно писмо“, „филмско писмо“, „поетско писмо“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Со лицето прилепено на прозорското стакло ги гледав пределите низ кои поминувавме, а тие толку брзо поминуваа пред моите очи, како некоја филмска лента.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Всушност неочекувано ми се прикажа како во филмски кадар дека Пачев е хирургот кој дошол да го размрси јазелот на спомнатата незгода на атлетичарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пречките и грешките во филмската текстура директно се надоврзуваат на оваа естетика, а силните контрасти, без сиви тонови, на раните Ворхолови филмови им даваат дводимензионалност карактеристична за неговите платна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со четири филмски фонографи можеме да компонираме и изведеме квартет за мотор со внатрешно согорување, ветар, чукање на срце и одронување на земја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Резултатот е загуба на филмскиот стил и загуба на секаква фантазија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Појма немаше од глумење и со време ја батали филмската кариера.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ја запаливме последната цигара (ѝ дадовме филмско димче на љубовта која беше на умирање).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ворхол во филмската традиција Ворхоловиот однос кон филмската традиција е поинаков од оној кон сликарската, па затоа е потешко да се постави во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така филмското време на стилизираната геометриско- гастрономска сплетка е сведено на обредни целини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сонот беше исто така опфатен - во извесна смисла и содржан - во едно движење на раката што го направи мајка му, а го повтори триесет години подоцна онаа Еврејка што ја беше видел во филмскиот журнал, додека се обидуваше да го заштити детенцето од куршумите, пред да бидат и двајцата разнесени на парчиња од бомбите фрлени од хеликоптерите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така филмската уметничка пракса се претвара во религиозна соборност а филмското уметничко дело произведено во таа соборност - игра, инкарнација на чиста платонска љубов помеѓу протагонистите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Такво лице ќе да имав видено некаде, на некој филмски журнал: го откопуваа од некоја колективна гробница...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Птиците стојат покрај водопади обложени со мов, исти како што оние што во нејзините фантазии ги красат базените на филмските ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ѝ го отвори малечкото сино кутиче од специјален порцелан, што го купи во Москва на филмски фестивал кога беше на гости кај другарка ѝ Гордана, нејзина колешка, што во тоа време беше новинар-дописник од тој град во Русија.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе