филтер (м.)
Потребно е да се изгради филтер - станица за прочиствување на овие води, ама нема средства, иако има изработен проект.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во исто време, да ги одмерат со својата вага на мудроста – што се задржи, а што да се пропушти надвор од себе. Човекот е вистнинскиот филтер!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Изворите на чинговата стилистика се наоѓани, главно, во тие два домена, во фолклорот и во говорниот јазик, меѓутоа филтерот кој ги прочистува тие две структури е извонредно многу ригорозен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Градот ги отвори скриените тајни ноздри во своите црни ѕидови и еден силен вцицувачки вентил во телото на градот ги вовлече воздушните луњи низ внатрешните канали, низ густите филтри и собирачите на прав, до фината и треперливо прецизна низа на навивки и мрежи што блескаа со сребренеста светлина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пилотите исто така беа изземени, откако една климактерична жена предизвика катастрофа намерно удирајќи во зградата на љубовницата на нејзиниот сопруг, ул. 254, влез 3, стан 46, од лифтот одма лево, како одмазда за тоа што тој, сопругот, ѝ купил на љубовницата правосмукалка на вода со ХП филтер, а неа, со три мали деца и долговлакнест териер, не.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Само што сега ги имам вистинските филтри. Можам да гледам низ грдотијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Потребни се големи напори за да се воспостави контрола, многу знаења и средства за менување на застарени и нечисти технологии, за филтри и тест - апарати.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Гронинг: Немав никакви филтери. Местото беше доста нагиздено и слабо испланирано.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Овде некрунисан крал е неприкосновениот Тим Хортонс. Тоа е ланец на (не знам како да ги кажам) точилници на филтер–кафе, со дополнително пригодно мезе у облик на крофни алиас „донатц“ и жидовски ѓевречиња попознати како „бегалци“.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
ѓ) Постојат иницијативи за изградба на Спортско - рекреативен центар, со олимписки базен, со филтер станица за пречистување на вода, осум тениски игралишта, игралиште за голф, фитнес клуб со сауна, ресторан и диско.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)