финансиски (прид.)
Со својата солидна плата можеше да си дозволи и поголемо финансиско опуштање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мухаремскиот декрет означувал полна победа на европскиот финансиски капитал и полна потчинетост на турските финансии и стопанство под туѓите банкари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше и француски, англиски, венецијански семејства кои влегуваа во семожни брачни и финансиски врски.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со газдата на дуќанот не се бакнавме, ама не ми удри ни „сиктер“ клоца дека му доцнам само три месеци со наемнина, ама има разбирање за мојата финансиска положба, а и јас за тоа што не беше срдечен со мене, а и незгодно е, многу ми е ачик дуќанот, па ќе види некој, па од несвидлак ќе ни извади муабет... па после, бруки и срамои!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Изненадувачки е тоа што и покрај немањето доволно финансиски средства, односно нередовната исплата и каснењето на платите, меѓу вработените во ССМ имаше одлична комуникација и работата течеше прилично добро.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Проширувањето на Србија кон Македонија и формирањето на заедничка граница меѓу Србија и Црна Гора го спречувале продорот на финансискиот капитал и го оневозможувале територијалното проширување на Австро-Унгарија во внатрешноста на Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со оваа официјално издадена потврда, оштетениот работник повторно се обраќа до финансискиот сектор на фирмата и бара исплата на платите по мирен пат, за да не оди работата на суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Влатко веднаш помисли дека за двајца тоа би чинело 7000 денари, и уште по 500 денари џепарлак - 8000 денари за недела дена, неможно за финансиската положба на родителите...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Барањето на само Еден принцип само е израз на биолошкиот страв од некоја нова и непозната („анархична”) ситуација, во која веќе нема да може да се сочува партиската или финансиската контрола, и каде што сѐ се релативизира.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Мама: Да, со домашни задолженија времето брзо си врви, ама не е само времето да си врви... проблемот е двоен: професионален ангажман и финансиски ефект отсуствува, мислам, со една плата сме... а долгови, позајмици... селење...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Постојано се работи за настани на насилство, несигурност, дрога, финансиски и политички скандали. Каква полза од натамошното набројување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Војската ја претвори земјата во приватен финансиски бизнис.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Финансиски, господине Салтиел”, му соопштува со доверлив тон Максимилијан Мертен и погледнува во подофицерот Мајснер, еден левантски Германец кој грчкиот јазик го зборува како вистински фанариот, интелигентен и способен, без одвишна емоција, во кој стекна таква доверба што напати го доживуваше како сопствено второ јас.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
За крај, Движењето за социјална правда – Ленка сака да ѝ се заблагодари на Фондацијата „Роза Луксембург“ за финансиската поддршка која овозможи оваа студија да биде напишана и објавена. Ѝ се заблагодаруваме и на Лилјана Ковачевска за логистичката поддршка околу наоѓањето на повеќе потешко достапни закони кои беа анализирани во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Машаланов задоволен од одлуката и од ефективноста при нејзиното спроведувањето, бидејќи од истата ја доби чесно одработената финансиска надокнада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Амбасадорите на Турција беа внесени во сите тајни на дипломатијата, од политичките до финансиските и конзуларните. Голема школа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но, според зборовите на Кирова, времето покажа дека тие не си ја вршат работата: на пример, синдикатите не протестираа против одлуката со која се намалува платата за 15% на неодредено време поради финансиската криза на претпријатието, како ни против онаа нелогична одлука за истовремена набавка на нови возила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)