фодул (прид.)
Неговите зборови јас многу-многу не ги кладов на умот зашто цело време гледав што ќе прави Киле. Фодуло дете беше тоа Киле.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Го викаа Штука, а тој правеше фодулок со спортските панталони до коленици и тука собрани, сошиени од војнички штоф, и во италијанските шкарпи и чорапи високи по цеваниците и сѐ друго војничко и прекроено на себе. Тоа траеше првите години на војната.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој се определи за разглед со Татко и на заемките со почеста употреба во балканските јазици како: фодул, фодулук, мурдар (гнасен, нечист), фајда (корист, полза), шаитлак (доказ, свидетелство).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)