фонтана ж.

фонтана (ж.)

Фонтана. Да блика водичка, да шурка, убаво да биде, свежинка да шири, жедните да застануваат, да пијат, да се разладуваат...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Само прозорците се отворени за да може да се дише и гледаат кон убаво дотераните тревници, однегуваните стебла со високи крошни, на фонтаната и куќичката во паркот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На местото на семкарата карши Градежен сега има фонтани, а порано печени костени и сокчиња од сируп со сода секогаш земавме различни за да си делиме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Сега ми се меша шумолењето на водата од дождот со шумот од фонтаната.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во ќошот наместив едно мало фонтанче кое скоро си го купив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Среде него во изѕиданата фонтана весело шуркаше водичка од големи цевки.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Додека ги чекав гостите глетката, ова прекрасно зрение: фонтанчето ме асоцираше токму на македонските состојби кај нас, едно добро вртење во круг.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Светот - свет е, а ти - крв и рана, кој го слути твојот жеден плам, и кој слути дека си фонтана кога ноќе поминуваш сам.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Од новата фонтана пред градскиот парк бликна млаз свежа боза. Луѓе како луѓе, се собираа пред чудото. Некои дури и се напија од бозата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Молскиот акорд А беше очекувана смисловна перспектива, кога музичарот и виолината без напор ги прескокнаа ѕидот, оградата на балконот, толпата пред фонтаната со боза, градот итн.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Авенија на виножитата. Мост на добрите надежи. Фонтаната на росата. Плоштад на човечноста...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дојдов до свијокот. Го немаше. Избив кај централната фонтана...
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Со тоа ќе се обележи триумф на сендвич државата и секој втор транзициски Македонец што работи како таксист, а со самиот влез на триумфалната капија налетуете и на циганите кои ќе ве пречекаат скокајќи у прљавата фонтана. Страшен призор на триумфот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
По пат накај дома, Томаица мина низ паркот кај офицерскиот дом и седна за кратко на скалите од една фонтана.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пивото веќе проработе и морав да тркнам до Бешикташ на гости да фрлам една жута фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа дали господин Mutt (псевдонимот на Дишан за таа прилика) ја направил „Фонтаната“ со сопствени раце или не, не е важно. Тој ја ИЗБРАЛ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку плоштадот Владас продолжив до почетокот на мостот, малку со одење и со желба понекогаш да останам во куќите или по излозите, кај преоблечените момчиња или фонтаните со високи јунаци со побелени пелерини, Тадео Аланко и Владислас Нерој, пијачи на токај и чембалисти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Или на оживеана фигура од некоја сѐ уште неоткриена фонтана сочинета од цел хор маѓепсани девојки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе