фрлен прид.
фрли св.

фрлен (прид.)

На времето седевме вака заедно на балконот во родниот дом. Дење зјапавме во минувачките на улицата и како постар ѓоа те подучував како се ловат убавици како пеперутки во везден фрлените машки љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во спокој ќе живее сѐ до времето кога во Тирана ќе биде фрлена бомба во советската амбасада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трчам од некаде да си ја спасам мршата фрлена на подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мажот ѝ беше како некоја кожинка фрлена под нозете на арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа некој рече дека видел фрлени војници во дупка со вар.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Зошто пушката ти лежи фрлена? - праша и се пресегна преку него, ја грабна, се повлече во поврзниот ров, ја погледна. - Закочена, - рече прекорно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Па вие сте како онаа печена гуска од приказната што јас ја најдов фрлена на мостот од богатиот за да ја најдам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На влажната калдрма беа фрлени чинки на мижуркави есенски светилки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зборовите на човекот беа како камења фрлени по него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На бетонскиот под е фрлена само една рогузина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Газеа по гнилите прагови, наведнувајќи се повремено за да земат парче одамна фрлена жица, рѓосан шраф или некој друг фрлен и заборавен предмет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Уште се кострешам кога ќе ми текне за детето, фрлено под воденичниот цивун, кај што удира водата на замаецот за да го исечат перките, да му го иструпат телото, да не се знае кој го носел дотогаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја најдов фрлена и ја оставив фрлена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Старата постелка е фрлена на женскиот кат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека ги изгубив од видното поле на ретровизорот, во свеста ми одекнуваше рефренот на загрижената мајка: Зарем мораш секогаш ти да бидеш првиот, првиот Коцката беше фрлена!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Светот бил поделен на обрачи - бара во која од фрлен камен се шират кругови и пак се собираат кон својата средина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се останува по старо џелатите станаа современи слободата е фрлена на колена чуствуваш духот е во зандани Едни злосторници заминаа но дојдоа нивните внуци џелатите се вртат во круг ги слушаш истите звуци Човештвото полека изумира светот е цел во метастаза а надежта остана во кутија се острат и неа да ја згазат Луѓето умираат во незнаење несвесни во илузорно постоење некои се мртви од раѓање а деновите им служат за броење Премногу животи одземени изгазена е совеста чиста премногу солзи пролеани а судбината остана иста
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Рапавината на татковиот глас бргу потонува некаде како фрлен предмет во непозната длабочина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во источната одаја на нашиот храм, како што веќе ви кажав, се наоѓаше записот за кој се веруваше дека го дава пророштвото за царството за илјада години нанапред во времето и дека записот ја открива причината за проклетството фрлено врз царството и најдробрите колена негови, оти болести и поразии нѐ напаѓаа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе