фукара (ж.)
Но ранетата волчица можела да се пои од Климентовите води и да ја наслушнува со жили тешката бучава на недопрените шуми неподелени помеѓу ајдутите и рисовите; секирите на фукарата и бичкиите на имотниците не стасувале да ја ограисаат целата невиност на животворното зеленило над кое, секогаш, и небото е посино.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само да не е некој фукара работник, селанец, та опашките сечи, поткинувај колку што можеш повеќе — го утеши детето Толета и го стисна за рака.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Балканот зборот маскара, пренесен од шпански (mascara) значи и резил, фукара, измамник, буфон...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неговиот дефтер веќе беа запишани зборовите: арач, марифет, арам, инает, фукара, пишман, инает, рушвет, ујдурма, ќелепур софра, калауз, јаничар, башибозук, калауз, курбан, гурбет, душман...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)