фуснота ж.

фуснота (ж.)

Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид прегратка Ѕид за кршење глава Ѕид магија Берлински ѕид Ѕид фуснота Ѕид без ѕирка и проѕирка Ѕид пророк Алтернативен ѕид
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Во таа фуснота беше цитирана завршната реченица од некој расказ на Кафка, која според тврдењето на авторот дословно гласела: Заради сето тоа ние ќе пропаднеме!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, ќе додадам нешто од моите екстрадиегетички (нагласувам, надмени) погледи на светот (се надевам, ова последново не ќе треба да го дообјаснувам со фуснота).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Влегуваме обземени од фуснотите на животот истечен во молк во Пандорина кутија која конечно треба да проговори.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Библиографските кратенки (загради) во текстот се поврзани со списокот на цитирана литература (библиографските единици) и изворите дадени на крајот на трудот, со што се олеснува следењето на цитираноста во научните списанија.   Библиографската единица е организирана во зависност од видот на цитираниот извор: книга, статија во списание, статија во зборник, прилог во весник и сл. (в. во претходната глава).   Во списокот на цитирана литература податоците во библиографската единица обично се наведуваат со изменет редослед, односно презимето на авторот доаѓа на прво место, а личното име или иницијалот на името се изделува со запирка од презимето (в. подолу: Цитирана литература).
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Но, „Маргина“ фура понатаму („Човековиот живот е само низа фусноти по маргините на еден огромен, неосознатлив ракопис“). Грепкањата на нашите скрибомански канџички можеби само ќе ги слушнете, бидејќи го немате оној бетмен- поглед што ги пробива „централните“ опни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако се презема ваков став, тогаш во загради се наведува, по кратенката сп. (спореди) и презимето на авторот преку кој е преземен податокот.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)