харем м.
харемски прид.

харем (м.)

Од таа страна на ѕидот се наоѓале харемите, па убавиците можеле да наѕираат во салата и да имаат допир со надворешниот свет само низ овие мермерни решетки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Види пак беља од Турчин, си рече во себе и ѝ се вратија во сеќавањето сите страшни слики од харемот на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во Потковицата сѐ уште се немаше случено, но за слични злодела денизден пристигаа вести од околните села: Турците грабеа моми и невести и ги носеа на чифлизите; таму ги турчеа и се женеа со нив или сѐ до старост ги чуваа во харемите, а кога ќе остареа, огрубени и обесчестени, ги падеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој си дојде во Стамбол и почна да си го реди личниот живот – пиењето и харемот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе заборавев да ја споменам вадиотров сауната што јас ја ескивирав а препородените ме искараа небаре одбив да влезам во харем.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тешко е во Истанбул да се најдат поубави места за живеење од оние каде што со векови живееле турските падишаси, уживале во харемите и покрај шадрваните ја кроеле историјата и судбината на рајата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако подигна најраскошни сараи и доведе најубави жени за харемот, ловот на срни му остана и понатаму на Авзи-паша најголема негова страст.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кој има кокошарник, знае што е петле. Во еден кокошарник само едно петле има, како што во еден харем сал еден е султан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Седум жени во еден месец поминуваат во харемот на Џемал-ага. А од нив нема вест.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој богато го наградуваше и во истиот миг, оставаше жени, харем, пријатели, работа, оставаше сѐ - се фрлаше на коњот и придружен од гавазите и булукот ’ртки јуреше на означеното место.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе те турчи!... Верата ќе ти ја мени!... Во харем ќе те затвори и ќе те забули!... Каде полошо од тоа!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не рачил е мрсниј Турчин кашти ни да газит, он не можеше да љубите 6'лгарски девојки, не е мог'л да ги турчит, в свој харем да држит, да не могат да излезат испод тежок затвор, да не видат свет ми божиј, ни па се'лнце јасно...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Пријателите, харемот, ловот на срни - сѐ имаше изоставено и заборавено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и сѐ што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Тутун и во него е водичот за султанскиот харем. - Хашиш! - скоро викна од изненадување Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нека си ги гледа тој своите анами во харемот.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си претстави како ќе најде убави моми и млади невести и од сите ќе ги избере најубавите и ќе ги донесе во својот харем, кој и инаку не беше празен.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да не ја пратил некаде Атиџе? Да не ја премажил за некој друг бег и ја затворил во неговиот харем?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе