хендикепиран прид.

хендикепиран (прид.)

За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но сепак останувам на ставот дека образованието може да помогне во навремено откривање на недостатокот и во согласноста на хендикепираните да живеат со него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој човек не е како другите. Мојот роднина е хендикепиран- ниту слуша, ниту зборува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
До него Благоја Бардавски и Јакуб Селим кој е хендикипиран што не го познава добро македонскиот јазик.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Такви прашања се доведувањето во врска на примањето социјална парична помош со однесувањето на пазарот на труд, работното ангажирање на корисниците на социјална парична помош и одредбите со кои се регулира надоместокот на плата за скратено работно време поради нега на хендикепирано дете.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Едноставно, хендикепирана сум во тој поглед.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Значи, кога се носи одлука, да речеме таква каква што донел или ќе донесе мојот хендикепиран роднина, се користиш и со мислата и со чувствата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)