хиена (ж.)
Време е рамнодушноста да се погуби хиените и змиите да се сотрат во луѓето честа да се разбуди злокобните да одат во неповрат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Оставена сама беше опкружена со чопор гладни хиени.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кој и да си, што и да си, пантер, тигар, лав, хиена, во зла доба ќе те здробам!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Метакот имаше огромен анимозитет и кон смрдливата скотска шема, хиените, конформистичките мекотелци, музичките лигуши, медиокритетските ајвани, партиските подлизурковци, покондурените сељандуришта, дебелогазните професори и политичките мршојадци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)