хипик (м.)
Мислам, ќе ги претепаш ти хипиците што демонстрираат, ќе ги уапсиш и пацифистите што дезертираат, ќе ги изолираш и битниците што подбуцнуваат - ама што да правиш дома со ќерка ти што завива ко мачка пред парење?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„Монпарнас“ тешко се напушта, зашто бесцелно шетање по неговите улици само по себе претставува задоволство, особено во вечерните часови, кога по неговите широки тротоари се води улична трговија со разновидни накити, кои ги продаваат хипиците, придружувајќи ја со звуци на гитара.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Хипиците“со бради и екстравагантно облечени можеа да се забележат и на секој чекор.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во суштина, киберпанкерите за хакерите се она што јапите беа за хипиците - политички, трезвени, световни верзии на алтернативната култура.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Чув од домаќинот дека во амстердамскиот градски парламент „хипиците“ добиле на изборите две пратенички места, а од уште пет добиени се откажале, под изговор дека, ако имаат власт во рацете ќе бидат и против свиоте идеали за кои се борат...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Покасно беше панкер, па хеви–металец (на граница со хипик), па првак у јамб у гимназија...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)