хлороформ (м.)
Ме удира смрдеа од јод, шпиритус и хлороформ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред зори го зедоа. Го вратија околу пладне. Мирисаше на хлороформ.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тешкиот мирис на крв, гној и хлороформ, без престан го раздувува ветрецот што дува од кај ливадите на Долна Арена и со себе го влечат двете рекички што се сретнуваат на крајот од котлинката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Маската, што сѐ уште се цедеше од хлороформот, лежеше бела крај помодрената глава.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Шилерлинг, преземете ја наркозата, однесете го тој хлороформ, доста ни беше една незгода.”
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)