хороскоп м.

хороскоп (м.)

Наоколу карти, божества, хороскопи слики, книги, мемоари пресметки, математики, хронометрии ти стануваш појдовна точка за сѐ да може да се сложи ти си ѓаволски склоп структура на структури Време, Литературо покажи ми ја темната страна вишокот, несводливоста хроничната невидливост нашата обострана завист.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе го составам вашиот хороскоп за неколку дни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А и не ги разбирам баш тие хороскопски и зодијачки знаци. За нив е махер тетка ми Ана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Животот ми е здодевен, сакам да се заљубам, а и во хороскоп пишуваше дека во сабота ќе ја запознаам најголемата љубов во животот, најверојатно облечена во црно.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Твојот хороскоп вели дека тебе те следи среќа, човеку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакаш ли да го направиме неговиот хороскоп?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А ти? Почна да им веруваш на хороскопите?“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Има различни хороскопи. Но мојов, ете, кажува дека си риба. Роден си во цутар, така?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само го одолговлечуваше претскажувањето, зашто хороскопот на Марин Крусиќ во исто време веќаваше среќа и успех во сѐ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но и тоа што се направи, се направи повеќе на плеќите на селаните, отколку на државата, и доцна, многу семејства веќе беа заминале, да не доцниме и сега, му велам, младината бега, или и таа што останува, место со производство, планира други работи - трговија, хороскопи, одново како некогаш, агенции за иселување...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Денеска е недела. - Ако де. И онака не верувам во хороскоп.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„И мене не ми цутат рози. Ете, мојот хороскоп за неделава предвидува само црнила. Но тоа не ме депримира.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во прозорецот му удираше еден чемпрес, а чиј хороскоп го направија заедно со Марин Крусиќ кога овој последниот пат го посети во Блатието, каде што се глави како рибар на санџак-бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не верував во хороскопи, преданија, знаци. Ги исмевав лековерните среќоверници.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Рече: „Добро, значи Влав си. Мислев, можно е и да сум се излажал. Влав си и риба си. Човек, ама риба во хороскопот. Знам, сега ќе бидеш збунет“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тебе те чека среќа, човеку, среќа и слава, така ти зборува хороскопот, но не можам да ти кажам кога тоа ќе настапи. Добро, добро, испробај ја судбината.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мајка ми еднаш ме праша кој знак во хороскоп е Мила и јас тогаш не знаев да ѝ одговорам, но отпосле дознав дека е Риба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа ќе биде и твој хороскоп, човеку, зашто не е случајно што е тој тука до тебе, кога и двајцата сте родени во ист месец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе