храбри несв.
храбар прид.

храбри (несв.)

Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Му носеа јадења и пиења и го храбреа да издржи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Заедничката верба во еден братски Балкан, која за сите беше утопија, ги храбреше да истраат во насочување на нивниот идеализам за разбирање на homo balcanicus во сите времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сонцето згасна на запад, во морската вода, и веќе немаше кој да ја храбри.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Песната го храбреше, му го зајакнуваше моралот со помислата дека не е сам, наскоро ќе пеат сите со него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Загрижено нѐ погали по косите, лицето му се отвори во насмевката со која нѐ храбреше кога требаше да истраеме во надежта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Книгата ја пишуваше длабоко во ноќите, кога се храбреше од енергијата која се ослободуваше во нашите соништа во градот крај реката, како што еднаш ѝ се доверил на Мајка!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А можеби и ќе паднеше во морето ако со својата блага пролетна насмевка не ја храбреше сонцето: Ластовице, лекокрила, биди силна, биди лека, летај, летај, летај мила родно гнездо ми те чека.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Перса нема глас да ја храбри, туку само ѝ ја мазни црната коса и повторува со одвај чуен глас Господи! Господи! Господи!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На другиот ден, (на 318-т отци) одржав подолга реч храбрејќи ги малодушните, пробудувајќи ги заспаните духом, посветувајќи го народот во неговите црковни права, опишувајќи ја сликовито подмолната клевета врз основа на која патриархот Самоил ја укина архиепископијата Јустинијана I.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Делкај цела ноќ, ќе успееш“, го храбреше и пиеше на негова сметка ветувајќи дека заемот ќе му го врати во оној час кога ќе се обогатат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зарем да нема никој свој во салата, блиски очи што ќе те храбрат кога ќе се јавиш на бината, што ќе се израдуваат повеќе од очите на сите присутни кога ти ќе излезеш, кога ти ќе рецитираш...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ме храбреа, но секој од нив имаше сопствени проблеми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Чувството дека ве чита шефот на државата, пред кого катадневно пристигнуваа стотици телеграми од сите страни во светот, не само што храбреше, но и обврзуваше да се одржи довербата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Перса ја прифаќаше нејзината мисла, ја храбреше Златната она, што ја притискало!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја храбреше Белка да го издржи новиот напад на волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Продолжуваше да нѐ храбри. Но и нему не му беше лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе