хранет (прид.)
Потоа се запре на искршената кола со слабо хранетите коњи, на кои ребрата им се броеја.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кое куче е подобро: галеното и хранетото или она што живее само на грутка! Србина и Шишмана сето тоа не ги интересираше.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Единствен услов му е да биде добро и редовно хранет и да не го надразни близината на менструалната крв, особено кога дожди, и водата го плакне закорениот отисок од почвата кон прагот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Трупот беше добро хранет и тоа не со јазикот на „обновата и изградбата“, туку со регресија и разградба, со едно паролашко поимање на литературната идеја и новинарскиот однос спрема финесите на литературната стилистика и методика.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)