цапа (несв.)
Ќе вртиш цел ден околу стожерот, ќе цапаш низ населените снопје дури да го истресиш зрното, да ја изџвакаш сламата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако прегазуваме река, првин тој ќе влезе и ќе ја прецапа водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Не да јавам по патот, кој ми се гледаше премногу тесен и премногу рамен, туку скршнував лево и десно, го терав коњот да цапа низ реката и да се препиња, излегував од водата и пак влегував во неа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се обидуваше да ја вовлече во разговор, да ѝ го успори чекорот, но Пелагија го цапаше снегот со истото темпо и без зборови во устата сѐ додека не стигнаа пред вратничето на мајка Перса, од каде Чана сама продолжи накај Острово, кај Дончето и Митра.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Пребаруваат: - Камо чорба, викаа и ништо од чорбата, ако не цапа во неа петел.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Цапаше ли пак во ѓолот што мислеше дека го прецапал и излегол на суво?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Всушност, јас мислам депонијата Дрисла, да речам попрецизно санитарната депонија Дрисла, онаа што е уште во пробна работа - нели? - не можела за толку кусо време да го уништи животинскиот и растителниот свет во реката, да речам рипчиња, ракчиња или што било во реката“, коментираше Ивана, цапајќи низ плитката вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Го цапам снегот по ,Широк сокак" и запирам кај слаткарницата ,Јагода".
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Снегот му ги квасеше нозете со својата спитомена мекота, беше задоволство да се цапа по еден таков совладан снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
15. Колку и да се склукаш со историја Не можеш да избегаш од сегашноста Беше рекол некој умен И јас му верувам Оти на своја кожа знам Дека колку и да се клукам со еукалиптус Не можам да избегам од соништата А сегашноста се полни со стари соништа Ѓоа надградени и надополнети И по секоја преродба се прогласува нова преродба Во долината на среќно преродените Никнуваат нови цркви и џамии Со ниет да бидат уште постари од најстарите На сека ритка никнуваат и големи крстови Колку крстови толку неразгатнати крстосници Никнуваат богами и нови затвори За затвореници колај работа ќе се најдат и фазла При толку бујна стварност Поетите цапаат во Петреви Вирови Колку поети толку друштва на мртви поети Сега секоја суша вели дека животот е некаде другаде Што впрочем се гледа и од брановите нови доселеници Макар што во последно време другаде не им е Австралија ами Италија Каде што се преселуваат цели села од долината на Радика И таму си формираат нови населби со роднокрајните имиња Сега засега не се чуло ни разбрало Како стојат таму со цркви џамии и настава по веронаука Но мене ме загрижува тоа што ако тој пат го фатат иселениците Нема да има кој да се доселува во Австралија А без новите доселенички приказни од Цапари Животот тука би бил ептен здодевен Како што е здодевно тука летно време Кога децата на доселениците одат во стар крај Да научат троа од мајчиниот јазик А како бонус им доаѓа што ќе научат Како се поставуваат светски рекорди во брзо донесување закони А тоа воопшто не е како олимписка трка во брзо одење Зашто таму каде што има брзо ломотење нема брзо одење
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
- И им го раскажа сонот како цапал некоја вода, но излегол...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)