цени несв.
цена ж.

цени (несв.)

Татко му се фрла врз него и налетува на камата) Умри, умри кога повеќе ја цениш сопствената кожа од народната!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Треба да ја цениме конструктивната критика, да најдеме начин да ги разбереме работите и да ги избегнеме грешките затоа што само така ќе ги направиме подобри нештата кои гравитираат околу нашето удобно опкружување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знаеше дека веќе се гледаат себе си како го совладуваат длабокиот снег, а знаеше дека ќе биде најдобро кога би ги држало тоа до вечер, сѐ додека не стасаат во селото. Го ценеше тоа чувство во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во замена за тоа, ако еден народ добие политичка слобода или се исполни нешто друго важно за народниот живот, без негово или со мало негово содејство, тогаш кога кај него нема уште изработени народни идеали или ако се изработени не се усвоени од сите членови на народот, тогаш, во таков случај, народот не ги цени народните идеали и, како човек без определена цел и програма за работење, се фрла ту на една ту на друга страна, правејќи го тоа не затоа што е убеден оти така треба да биде, ами затоа што гледа дека има околу него луѓе што постапуваат така или инаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А при тоа да го цениме своето работење не по надворешниот негов вид, а по неговата вредност, а цената на трудот се мери со потребните за него сили.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трча така, го загледуваат и чевлињата одеднаш не се чевлиња, туку кој ги носи најјунак е, кој ги носи најубав е, кој ги носи е сето она што селаните најмногу го ценат и сакаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Размислувај и не бегај од она што во себе го сметаш за вистината, зашто само по тоа луѓето се ценат и се сакаат...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас, воопшто, болката ја ценам за најнеморален белег низ еволуцијата на човекот; за најпонижувачки симбол на човековата автентичност: Бев опседнат од овие страдања и сам во ретки мигови јас се префрлав на теми и поинакви од оние кои ме измачуваа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Најстариот брат се вратил дома цврсто решен ништо да не ѝ кажува на својата караконџола, чии милувања веќе не можел да ги поднесе и чија распупена убавина веќе не ја ценел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Понекогаш, во својата нежност, старецот премногу го ценеше животното верувајќи дека тоа му ги разбира зборовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пишувам кон тебе за да сфатиш, Иако за наивна будала ме процени, ти мене на пазар ме стави, ти мене ме процени за пари и мене само така ме цениш.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Ич не се цениш. Си ставаш здрава нога во трње.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Толку ли го цениш името и трудот на татко ти?!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Уште тогаш јасно му ставив на знаење дека тоа што го работи не го ценам, зошто знам дека не е вредно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас умеам да познавам и да ценам што е лошо, а што е арно. Ова е лошо - фрли го!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Тоа го ценам кај дамите со реноме“, рече авторот намерно служејќи се со постилизирано изразување за да го погали малограѓанскиот менталитет на коконата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Томето ја ценеше Атина пред сѐ како одличен професионалец односно како поискусна шивачка која беше ангажирана од страна на организаторите да работи на главните модели заедно со главниот асистент на Перуниќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Си слушнала за таквите предавства? Тоа беше затоа зашто жените повеќе го ценат животот од нас, мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе