централа ж.

централа (ж.)

Го беше поткопала бетонскиот јаз што ја носеше водата до централата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Забрзано го вртеше стариот рачен телефон, во очекување на директна врска со надлежниот од Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев повикан од партиската централа во една специјална комисија која заседаваше во Кремљ.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Причините за постојано присутната криза на слатка вода лежат во преголемото трошење на водата, за наводнување на огромни комплекси земјишта, за електро-енергетските централи и за сѐ појаката индустријализација, како и во нараснување на потрошувачката на вода за комуналната хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа имав подолготрајна средба при неговата прва официјална посета на Тунис и Палестинската централа, но тоа е друго поглавје, од дипломатските години.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Конкретизирање на моите илузии во страница вистина, која треба да ја раководи државата во пресудни моменти во однесувањето кон другата држава Шифрантот Петар Иваз ја чекаше пораката, откако ми го предаде катадневниот циркулар на телеграми кои стигнуваа од Централата на прочит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше врската клучеви која морав да ја оставам при излегувањето, на надлежност на вратарот, кој беше, исто така, на еден или друг начин за безбедноста поврзан со својата Централа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мигот кога започнав да го читам писмото шифрантот на амбасадата Петар Иваз ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми кои стигнуваа од централата, а кои морав да ги прочитам во негово присуство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Соочен во моите дипломатски години со палестинското прашање, во еден значен период од неговото постоење, кога се одвиваа крвавите чекори на судирот, кога се најдов во Тунис, непосредно по бомбардирањето на позициите на Арафат, потпирајќи се врз инструкциите кои ги добивав од Централата во Белград, како застапник на земјата при ПЛО, подоцна и како амбасадор во државата Палестина, по прогласот на Арафат во 1988 година, напишан од Махмуд Дарвиш, размислувајќи и чувствувајќи ја драмата во Картагина, јас често барав одговори во татковата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите, во која имаше едно незавршено поглавје - за историјата-лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
СТЕВО: Важен човек од централата на компанијата во Берлин.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да ја напишев првата телеграма во која јунакот ќе беше анти-херојот, картагинскиот градинар Раиз, ревносниот шифрант Петар Иваз, сигурно ќе ја испратеше шифрирана до Централата, колку и да му се видеше невозможна, невообичена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но дали имаше сила која беше над Централата? Дали тоа беше Водачот?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најсериозно размислуваме да го испратиме господин Андреевиќ на пракса во централата во Берлин.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Битката беше секојдневна, жестока. Амбасадорите во сета развиена и разгранета дипломатска мрежа беа под постојан диктат на Централата, пилотирани низ секојдневните шифрирани циркулари.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И на бугарските учени луѓе и на стопанствениците очите им се свртени кон морските води, кон неисцрпниот резервоар на вода - Црно Море, крај чиј брег постојат надежи дека ќе израснат огромни атомски централи за отсолување на морската вода, кои ќе бидат рентабилни, со примената на најновите достигања во науката и техниката.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Централата во Белград и натаму се веруваше дека пијаниот брод ќе го најде своето мирно пристаниште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев сигурен дека ја известува полициската Централа на тајната полиција за мојата негативна реакција кон Сталин и сталинизмот на самиот влез во Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе