центрифугален (прид.)
Во Њујорк вртежот на градот е толку силен, центрифугалната сила локва, што е натчовечки и да се помисли да се живее во пар, да се дели животот со некој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Така е достигната центрифугалната, ексцентрична точка, во која движењето создава празнина што ве апсорбира.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И ќе го препознаеме, кога ќе проживееме доволно долго за да видиме како тркалото повторно се врти од центрифугалната сила на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тивко исчезнуваа, се обезвреднуваа, сѐ помалку имаше нејзини верни приврзаници, зајакнуваа центрифугалните националистички сили, се поткопуваа темелите на земјата која во биполарната епоха ја одржуваше рамнотежата меѓу источниот, комунистички свет, со разнишаните позиции на Советскиот Сојуз и неговата сателитска заедница, како и евро-атланската заедница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Њујорк е последниот инцидент на таа барокна вертикалност, таа центрифугална ексцентричност на повеќе хоризонтално расклопување и подземни имплозии.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Воздушен удар. Задушување. Експлозија. Центрифугалната сила. Пресилно забрзување. Преслабо забрзување.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Особено ако умее да се издигне над политичкото милје во кое живее, допуштајќи си еден контрапанагиричен стил со кој ќе укаже на слабостите во општеството, како во колумната „Кругови“ од 19 јуни 2012, на Утрински весник, во која авторот нејзин го вели следново: „...и планетите се вртат во круг и ако од нив се одвои камен, тој неминовно паѓа зашто ја нема центрифугалната сила која ќе го држи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И уште еднаш (види ги уводниците во Маргина бр. 1): не маргина во однос на некаков си пришрафен „центар“ туку Маргина во еден расцентрализиран свет кадешто безброј отсечоци (маргини) ги играат своите смртнолики и привремени игри во еден центрифугален етер. okno.mk | Margina #10 [1995]
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)