цент (м.)
Отиде до автоматот за цигари и стави дваесет и пет центи во жлебот за ковани пари.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој се обѕрна горе долу по улиците, се вовре во продавница и ја купи тетратката за два долара и педесет центи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некој некаде повторно ставил пет центи во отворот за пари на џубоксот зашто тој веќе минуваше низ прелиминарните трескања пред да почне музиката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некој стави паричка од пет центи во отворот на автоматот и утробата на џубоксот мина низ цела серија трескања, пред глас тивкиот и сладникав да почне да го смекнува ѕвечкањето на чиниите и посребрените предмети.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На другиот крај од просторијата имаше еден мал бар, обична дупка во ѕидот каде што можеше да се купи џин за десет центи во голема чашка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таму се произведуваа булеварски весници кои не содржеа речиси ништо друго освен спорт, криминал и астрологија, потоа сензационални романчиња од пет центи, филмови преполни со секс и сентиментални шлагери што беа целосно компонирани на механички начин, со помош на еден посебен вид калеидоскоп познат како стихотвор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Директно, спроти пумпата, се наоѓаше „Потковица Авто Двор“, сопственост на Сам Сенд, со мали куќички што се граничеа со „Нахрани го стомакот“, сопственост на Бланш Рид, гостилница каде што сѐ уште се служат сендвичи со топол пржен стек, за само педесет центи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ете, тоа е најмногу што можам да се сетам. Еден фартинг, тоа беше една мала бакарна паричка, што изгледаше како еден цент“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)