цепеница (ж.)
Среде црква развален оган. Горат цепеници донесени од најблиските дворови и колци извлечени од селските плетови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Стојан воздивна, дофрли во огнот од донесените цепеници.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пред да тргне кон плевната, каде што се слушаше блеењето на овците и мукањето на кравите, уште еднаш влезе во колибата, ги спотна гламњите во огништето и стави една цепеница врз нив.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На влезот се појави Мита и, тресејќи го од себе снегот, до огништето фрли цел преграб кусо сечени цепеници.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Болска, мижи и трепери синкаво пламенче врз цепениците под кои жарта блешти.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во огништето, врз запалените дабови цепеници прскаат искри, разигран е пламенот, баботи во оџакот и блажена топлина одајата, а тој издолжува валкани и засмрдени нозе, ги пика во леѓенот со жешка вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во огништето трештат сувите цепеници, распрскуваат златни искри, во одајата е светло, тивко и топло...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Жари пламенот, ги подлижува и ги прегрнува цепениците, разнишано се извишува нагоре, се напластува дипла врз дипла, за миг се смалува и со поголема сила наеднаш расте и пругоре исфрлува роеви искри.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кубицираме, што се вели, ги сложуваме ко цепеници мртвите, труповите нивни.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Носат и цепеници, трупци, пењушки, сакови и слама.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој донесе уште две цепеници, ги фрли во огнот - облак искри како рој пчели стигнаа до таванот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)