цигарче (ср.)
Скриена под дебелите сенки на стариот орев, надвиснат над летниковецот, Јана со цигарче го густираше своето попладневно кафе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Де им свиткувам цигарче на ранетите, де им подавам вода, де им ја поправам перницата или ги покривам, ги тешам, слушам што раскажуваат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Најпосле, откако се изнамуабетија, а уште повеќе изнамолчија доволно време и испопикаа цигарчиња во меките фотелји со навалени потпирки, тој, најпосле како да се сетил, наеднаш му рече на секретарот што стоеше покрај врата со документи за извештај: „Па, таму, чинам, чека некој чиновник; кажете му дека може да влезе“.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со цигарче во уста, кое како да не се смалува, и до колена во езерото, Мики, упорниот рибар, со блинкер фаќа мренки и кркушки, запечени пастрмки.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И да си знаеш! По јадењето е мигот на моето уживање. Цигарче со кафенце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)