цица (несв.)

Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не вадејќи ја цигарата од големата уста ја цицаше и ми дуваше в лице лут чад.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тогаш некој смок беше ја цицал кравата моја и ја најдов сета со крв на боските. 206
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Погледот потполно му се вкочануваше додека цица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мајка му, често, кога ќе немаше млеко, го носеше по млади доилки во селото да цица, а некогаш го ставаше и под коза да цица за да му јакнат бузите и непцата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Првин ќе видам слечена змијска кошула, ќе наѕрам во неа, а некаде од зад мене, ќе се појави змија или смок или слепјак и ќе ми се качи да ме облазува, да ме врзува, да ме цица.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со кикотот замолкна за кратко, а потоа направи изненадувачки пресврт во гласот и над мене го слушав нејзиното кажување со зборови раскршени како срча: „Еве, цицај и мисли дека ја задоволуваш мојата потреба за мајчинство само за да се ослободиш од вината која, знам дека ти тежи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Компирот, гравот и доматите ги нападна онаа жолта треска, самовилска коса на подземна јуда чии влакна спирално се обвиваат околу секакви стеблики и со свои шмукалки им ги цицаат соковите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ти си рамнодушност, твојот корен не цица омраза како нашиот корен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја претчувствувале главата пред жртвеникот на прегладнетоста: пред пенливи ноздри виси побелен јазик и се допира до нејака тревка; тоа е преживарска смеа над човечка алчност - лапајте и цицајте крвца, еднаш билјето со корен ќе ја смукаат и вашата крвца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Десет луни ја цицав. Таа моето тело ќе го исцица.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Растеше со променливо здравје: некогаш засилено удирајќи со главата во босиците од мајка му како јунче не можејќи да се насити од цицање, а некогаш не сакаше да цица и постојано плачеше без престан и дење и ноќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ми го измолзија нечистото, сурутката, и ми го ставија детето на гради да цица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
3. КРОТКОТО ЈАГНЕ ОД ДВЕ МАЈКИ ЦИЦА - со тоа чие лицемерие се дефинира како поим?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Како со коренот на своите стапалки да цицаше од земјата подмолен татнеж, раскажуваше: „Чумата не се шири по светов сама од себе и не ѝ го разнесуваат семето ветришта. Земјата се покрива со трупови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, малото суштество требаше сега да се внесе дома, да му се смлачи млекце, ако досега само цицало.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сакате да го цицате селото. Тоа да ви биде крава музара, но да не се вратите во него.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе