црница ж.

црница (ж.)

Планините реките, езерата и огништето дедово кај искри пламен во тенеќе кофа кај пуканки пукав, под крошните од црница тутун жолт, лист по лист си нижев... и овчарска торба со погача мека, сирењето зрело од баба ми праг..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Црниците, меки и миризливи, се топеа в уста со онаа сочност и по малку тешка сладост.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во бараката на штабот, подигната во сенката на високи црници беше тихо, толку тихо да не се слушаше ни мува да брчне. – Значи, вие сакате да станете бригадири? ги прашаше по втор пат командантот, гледајќи ги се’ така потсмешливо или пак така им се чинеше. – А зошто не сте се пријавиле во бригадата од вашиот град?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Девојка на дваесетина години, со гранка скршена од поблиската црница, мавта лево и десно – ги тера досадните муви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И, наеднаш во очите му блесна искра: тој решително зачекори накај високите црници, во правец на бараката на штабот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога се врати дома, по сфатката со Дамческите, за да се успокои, не се качи горе, во харемот, туку нареди да му постелат под црницата и таму да го услужат со татли кафе, локум и студена вода а потем заповеда и Коранот да му го донесат тука.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас го позедов канчето. Беше полно црници.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Каналот тогаш беше река и ширинката и црницата до неа ги паметам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лето е, баба Анча може и овде под црницава да спие.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вие ќе си спиете внатре, а баба Анча овде, под црницава да ве чува. Блазе ви!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се доближив до стаклото. Светот надвор имаше жолто-модра боја, како мртовец легнат под црница, нешто дамнешно, мртво, а присутно. Не изгледа дека е стварно, а стварно е. Што е стварно?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден од ќошевите, оној најоддалечениот, под високата црница, постојано гореше оган на кој во голем котел секогаш имаше жешка вода во која вриеја нашите алишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го нашла на средсело и пред сите луѓе беше му рекла: „Јас тебе ќе дадам градината, нивата сосе оревите, црниците, куќата сосе црниците, пари не сакам да ми платиш, бакшиш ти ги оставам, само ќе гледаш чешмата да не секне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Само повремено, од црницата на Надежда капнуваше по некоја црница, бела ашлама, и кокошка веднаш се вдаваше и ја клукнуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дворот е непрепознатлив. Ја нема големата црница и чешмата до неа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се топи бакарот во звучниот тас на езерото течејќи од сонцето кон нас но моравото небо од црниците на Радожда со пепелта своја се постила.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Десно од вратата на куќичката камен за седење, а уште понасреде, негде околу средината, голема и дебела црница.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Повеќе