црта (ж.)
Понекојпат двете црти здружени со острината на нејзиниот поглед, значеа укор за нешто, но и тој гест можеше слободно да се препише на перфекционистичката особина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За одговор на тоа прашање треба во неколку црти да се одбележи улогата на Србија во македонската национална преродба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Бледата светлина од ламбите на голите ѕидови им ги отстранува цртите и им ја изедначува бојата на лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Така низ целата историја се повторувала борба која во своите основни црти секогаш била иста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дали тие најкарактеристични црти се имаат во сите македонски наречја?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Само согледувањето на тие своеобразни црти во карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и јазикот на нашиот народ е важна причина да сме ние против делењето на нашата татковина и за нејзината автономија, зашто дележот ќе ни искорени сѐ што ни е мило и ќе ни наврзе многу противно нешто на нашиот народен дух.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во кратки црти ја кажа и биографијата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Понекогаш се плашев да не ги заборавам нејзините црти, или и најмала подробност поврзана со неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Додека тие седеа стиснати како курсисти, тој на подиумот накратко им ги изнесуваше главните црти на сценариото, служејќи се со кредата на таблата како професор по тригонометрија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И вистина, тие колца, бидејќи помеѓу себе се најблиски, имаат некои црти на исток блиски со бугарските и на север со српските колца.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во секој случај, обичната контрола на цртите не е доволна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Убавината станува таинственост. Површините и цртите се одвојуваат од исклучиво предметната врзаност, се осамостојуваат, најнапред во горчливи игри.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Често по подолго време не можев да се одделам од неа, и се присеќавав какви беа во стварноста нејзините црти и сѐ во врска со неа...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Глигор одвај ги распознаваше истенчените црти на неговото лице.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој прикажуваше само едно огромно лице, широко повеќе од еден метар: лицето на еден човек од околу четириесет и пет години, со тежок црн мустак и со грдо убави црти.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Врз ова влијае не само онаа тесна историска врска, која постои меѓу јазикот и писмото, што во извесна смисла се надградува врз јазикот, туку и самата природа на писмото, која покажува многу заеднички црти со системот на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)