цртеж м.

цртеж (м.)

- Учителката ни рече да нацртаме маче. Сакам јас да има најдобар цртеж но не знам да нацртам маче. Ќе ми нацрташ ли ти?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Учителката врвеше од клупа до клупа и ги разгледуваше цртежите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Потоа се наведна и почна убаво да го разгледува цртежот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Низ неа проговоруваат и природата и оној долу во дамнината, некаде во четвртто ледено доба, над дваесет илјади години пред нашата ера, кога ги забележал своите пештерски цртежи, и оној, далеку во иднината што веќе го наслушува нашиот глас и, ене, се одгласува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ут со очила свиреше на виолончело на еден цртеж.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Цртежите му ги виде еден од сликарите што навраќаше во слаткарницата, се воодушеви и му рече на татко му да го даде Столпника да учи сликарско училиште.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Првите цртежи на уметникот прикажуваат бикови и тореадори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бев прочитал во една книга со геометријски цртежи дека аголот на гледањето сосема го менува впечатокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Цртежот му се фрлаше под нос на мајсторот кој го ставаше на мајсторското тезге, го проучуваше муртејќи го челото, потоа ја проверуваше издржливоста на дрвото и најпосле почнуваше со производството.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Небичас дамката оживеала и станала џуџест жерав, по многу нешта сличен на еден цртеж во Музејот на современата уметност во еден град.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зошто ги симна заправо тие два цртежа?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој лик, тоа нешто што во делот од секундата ми се појави на белиот ѕид, тоа не беше цртеж на хартија, тоа беше сенка во воздухот, тродимензионална слика од магла и чад.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Моите цртежи секогаш беа уредно средени.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неколку современи пиктографски сообраќајни знаци покрај индијанскиот цртеж на камен од Ново Мексико.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие два цртежа ги сметна тој од ѕидот, утрото пред самото отворање на изложбата, ене ги стојат уште на бирото во изложбената канцеларија.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Речникот на „Мост” набрзо бил збогатен со магијата на маски, со острите испрекинати цртежи и со грамадната цврстина на фигурите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Целата училница клокоти и врие. Јас вртам цртеж и го гледам: и право и отстрана, но никако не ми оди од рака: споредувам, но лицето не е како од учителката. Особено носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со штитови бележани со цртеж на сонце, долги копја спуштени шлемови, ќе јурне напред коњаницата создавајќи силен ветар!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
На пример, низа брановидни линии можат да претставуваат море или река, а цртежите на луѓе и животни претставуваат нивни „живи еквиваленти”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе