цути несв.

цути (несв.)

И ете, оттогаш секоја пролет по падините и полјаните цутат илјадници жолти јаглики во спомен на малата Јаглика што живеела некогаш, одамна, одамна...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Поетската дарба која уште еднаш ни ја потврди Вероника Костадинова со последниот напор, е дарбата што во неа уште долго ќе цути носејќи ни ги сочните плодови на нејзината родна Тиквешија.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тоа е она на што цути таканаречената пазарна економија што за суверен господар ни го наметна неговото величество Профитот...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И затоа глогот е благословен од бога најрано да цути и да има убава миризба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тебе сиов рид со плодови и птици се преселил и цути врз рамената твои а очите се посини и од длабоково небо.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Да ти цути устата што ја порача! Оваа песна одамна не бев ја слушал. Така благо ми дојде да заспијам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И во тишината - надвладува молкот, стежнатите воздишки, прскањето на искрите во огништето, а во нивните глави - цутат мисли и се ројат мали радости, што секој ги има и љубоморно длабоко ги чува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пред пролетна икона клекната чунким Ѓупката ги кршеше корупките мразни за да видела како цутат качунките во снежно бели вазни.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Од неа цутат доловите од неа полето зрее и сета земја чади како погача.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Староста на Раиз се пренесуваше во градината, во нејзините билки цутеше неговата трпеливост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Животна желба ми е да ја примам убавината, да присуствувам на фестивалот кога цутат црешовите дрвја. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Цутеа нови лимони. Плискаше водата на шадрванот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одново го напуштам овој двор Со рака на усните за да не се чуе Што сакав да ѝ шепнам на мајка ми Некогаш на разделување, Некогаш кога цутеа црешите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Што си подзинал. Ти велам вистина е - и баба ми зборува со цвеќињата - па затоа најубаво ѝ цутат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Татко ѝ ја гледаше, а погледот му цутеше, срцето благуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе подраниме во лозјата да видиме дали цути виновата лоза, дали заврзува грозјето...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Меѓу масонските браќа на Карер се наоѓаа припадници на сите сталежи, нации и религии, така и ложата од Закинтос токму поради тоа цутеше од братска активност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Шабтај му ја препорачаа Рена, две години постара, допадлива девојка од семејството на еден скромен лимар чијашто работа во последно време, како што се намножија и други мајстори на истиот занает, не цутеше и премногу, но сепак му допушташе пристојно да го одгледува своето семејство.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе