чаден прид.

чаден (прид.)

А аферите што ми ги припишуваа беа обични чадни скалила по кои се обидуваше моето машко его да се покачи барем малку повисоко над другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
небото над Македонија наеднаш стана матно и исчадено како чаден свински бут а кајшто небото е матно и работите се матни и луѓето стануваат матни: под матно небо тешко се наоѓа некој за асолни нови планови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Подобро ли да биле во бојот чадено месо?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
За мезе имаа пивтија и печено чадено суво свинско месо и луканки што им ги носеа жените, а по вино, со котлиња и со котли, сами си одеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Небаре се оближуваше околу чадена пастрма Петре.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
документација - мултикилограми на мелени, чадени, побелени и пресувани дрвја, што ги добиваш заедно со програмот или компјутерот
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во далечината низ матниот чаден облак како влажна ѕвезда светкаше фенер. Слабо сјаеа надојдените шини. И зошто така го вознемири лицето на таа старица - не можеше да разбере. Сето друго беше јасно - пречеше само тоа црно петно.
„МАРГИНА бр. 2“ (1994)